Мермерен комбинат дели дивиденда од 494,4 милиони денари

2

Собранието на акционери на Мермерен комбинат од Прилеп донесе одлука за распределување на акумулираните добивки остварени до 31-ви декември 2019 година.

“Дел од акумулираните добивки на компанијата остварени пред 2019 и остварени во 2019 година во вкупен износ од 494.456.253 денари, ќе се распределат како дивиденда за обични акции: остварени пред 2019 година во износ од 285.358.906 денари и остварени во 2019 година во износ од 209.097.347 денари“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.

Износот на бруто дивиденда за една обична акција е 1,71 евра.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 28-ми октомври, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 29-ти октомври оваа година.

Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 30.10.2020 година.

Исплатата на дивиденда ќе започне на втори ноември и ќе се изврши согласно законските прописи.

Фото: Freepik