Мермерен комбинат ќе исплаќа дивиденда од 22,8 милиони евра

27

Фото: Pixabay

Мермерен комбинат од Прилеп донесе одлука за распределба на добивката од 2018 година.

“Добивката од 2018 година во износ од 1.403.557.613 денари (22.817.952 евра) се распределува во бруто дивиденда за обични акции. Износот на бруто дивиденда за една обична акција изнесува 4,869 евра“, стои во одлуката.

Последен ден за тргување со право на дивиденда е 24.04.2019 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 25.04.2019 година. Датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 30.04.2019 година.

Исплатата на дивиденда ќе започне на втори мај оваа година.