Мермерен комбинат од Прилеп ќе исплаќа дивиденда од акумулирани добивки

107

mermeren-kombinat-prilep

Мермерен комбинат од Прилеп донесе одлука за распределување на акумулираните добивки остварени до 31.12.2015 година.

“Дел од акумулираните добивки на компанијата остварени до 31.12.2015 година во вкупен износ од 288.241.767 денари ќе се распределат како дивиденда за обични акции“, стои во одлуката.

Износ на бруто дивиденда за една обична акција е едно евро.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е трети мај оваа година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 04.05.2017 година. Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 08.05.2017 година. Исплатата на дивидендата ќе започне на 09.05.2017 година.