Мермерен комбинат Прилеп ќе исплаќа дивиденда од акумулираните добивки

50

mermeren kombinat prilep

Акционерското друштво Мермерен комбинат од Прилеп донесе одлука за распределување на акумулираните добивки остварени до 31.12.2013 година и резервите настанати пред 2009 година.

“Акумулираните добивки на друштвото остварени во 2011, 2012 и 2013 година во вкупен износ од 179.178.231 денари и резервите настанати пред 2009 година во износ од 26.096.741 денари да се распределат за бруто дивиденда во износ од 187.357.149 денари и данок на исплатена дивиденда во износ од 17.917.823 денари“, стои во одлуката на компанијата, објавена на Македонска берза.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 02.12.2014 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 03.12.2014 година. Датумот на евиденција, според кој се определува листата на акционери, кои имаат право на дивиденда е 05.12.2014 година.

Исплатата на дивиденда, како што стои во одлуката, ќе започне на 09.12.2014 година и ќе заврши најдоцна до 31.12.2014 година.