Месечен пад, а годишен раст на девизните резерви во јануари

21

Вкупните девизни резерви на крајот на јануари оваа година достигнаа вредност од 3.100.590.000 евра, што е за 162 милиони евра помалку на месечно ниво, а 223 милиони евра повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Народна банка.

Во текот на јануари, хартиите од вредност достигнаа ниво од 2.481.740.000 евра. Кога станува збор за валутите и депозитите заклучно 31-ви јануари, тие имаа салдо од 298 милиони евра.

Вкупното монетарно злато на државата до крајот на јануари оваа година вредеше 317,9 милиони евра.

Фото: Pexels