Меси станува милијардер

183

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси наскоро ќе стане вториот фудбалер кој заработил милијарда долари во кариерата.

Според магазинот Forbes, вкупната заработка на Меси ќе достигне една милијарда долари доколку наредната сезона ја заврши во редовите на Барселона.

Фудбалерот во последната година од договорот со клубот треба да заработи  92 милиони долари, пишува Forbes.

Фото: Facebook