Messenger се враќа на Facebook?

29

Фото: Pixabay

Messenger би можел повторно да се врати на главната апликација на Facebook, пишува The Verge.

Оваа функција се наоѓа во тест фаза, па доколку се реализира, корисниците би можеле да инсталираат само една апликација и така да добијат пристап и до социјалната мрежа и до сервисот за разменување на пораки.

Messenger како посебна апликација се појави во 2011 година, а Facebook во 2014 година го тргна од главната апликација.

Компанијата по пет години планира да ги интегрира сите сервиси за размена на пораки, Messenger, Instagram и WhatsApp, па сите функции да се најдат во рамки на главната апликација.