Мета го одложува воведувањето на паметни очила во Европа поради големата побарувачка во САД

„Мета“ објави дека ќе го одложи лансирањето на својот најнов модел на паметни очила во земји надвор од САД поради големата побарувачка од американските клиенти.

Паметните очила „Реј-Бан Дисплеј“, развиени во партнерство со француско-италијанската група за очила „Есилор Луксотика“, треба да бидат достапни за продажба во Канада, Франција, Велика Британија и Италија на почетокот на оваа година, објави „Ројтерс“.

Сепак, зголемената побарувачка и ограничените залихи значат дека лансирањето ќе биде одложено, објави менаџерката за комуникации  на Метa Браун Џалоза.