Metis – иновативен бродски систем за поголема безбедност

42

Фото: Pexels

Група научници од Грција го развија иновативниот бродски систем под името Metis. Станува збор “паметни“ сигнали и уреди за собирање на податоци поврзани со различни бродски системи, коишто користат интернет врска за пренос на значајни податоци до превозници и сопственици на бродови 24 часа дневно, пишува Greek reporter.

Податоците вклучуваат информации за работата на бродот, потрошувачката на гориво, а може да спречат евентуални проблеми што би можеле да ја нарушат работата на пловниот објект.

Системот се базира на вештачка интелигенција и машинство, користи безжични мрежи и напредна технологија. Исто така, Metis може да обезбеди и податоци доколку бродот погодил во некој објект, а тоа да не го забележал екипажот.