Метрото во Белград ќе почне да се гради на крајот на годината

50

Белград ќе ја почне изградбата на метрото кон крајот на оваа година, најави денеска српскиот министер за финансии, Синиша Мали.

Во ноември минатата година е потпишан договор со француската влада за обезбедување финансии за делот што ќе го прават француските компании, а станува збор за 454 милиони евра, а во тек се преговори со институции што треба да го финансираат делот на кинеските компании.

Претставници од компаниите од Франција и Кина, што ќе бидат ангажирани за изградба на метрото во Белград, велат дека тоа ќе биде проект важен за целата земја.  Вредноста на белградското метро се проценува на околу 3,8 милијарди евра.

Фото: Freepik