МФ: 8,1 милијарда денари во стопанството по основ на доспеани државни хартии од вредност

27

По основ на доспеани хартии од вредност, Министерството за финансии (МФ) утре и на осми март ќе врати 8,1 милијарда денари или 131,7 милиони евра во стопанството, по основ досепани издадени хартии од вредност, стои во соопштението.

Утре ќе бидат вратени седум милијарди денари, додека на осми овој месец, како што се наведува, за кога нема предвидено аукција, ќе се вратат 1,1 милијарда денари.

На денеска закажаната аукција на државни хартии од вредност, понудени се хартии од вредност во износ од 8,1 милијарда денари, односно нето задолжувањето со оваа аукција е нула.

Фото: Pixabay