Ми-Да Гранд Моторс со нова акција

23

ford

Компанијата Ми-Да Гранд Моторс, преку пролетната кампања Уживај во возењето со Ford овозможува секој да дојде до најпосакуваните и најпродаваните возила Ford Focus и Ford Fiesta.

Единствено сега секој заинтересиран купувач за овие модели во рамки на пролетната кампања добива 15% попуст за возилата кои се на залиха.

„Летото е период од годината кога треба да се ужива. Луѓето треба да уживаат во возењето на својот автомобил, но исто така, треба да уживаат и при купувањето на автомобилот. Затоа, одлучивме, оваа пролет да ги изненадиме со огромен попуст сите љубители на Ford Focus и Ford Fiesta, кои ги имаме со различни нивоа на опрема, различна моќност на моторот и во различни бои“, објаснува Предраг Николовски, маркетинг менаџер во компанијата.

Купувачите може да изберат возило кое веќе е во салонот на Ми-Да Гранд Моторс и веднаш може да се дистрибуира. Моделите на Ford Focus и Ford Fiesta се достапни за тест возење.