Mi Express Kiosk – вендинг машина за паметни телефони

15

Фото: Twitter

Кинескиот производител на мобилни уреди, Xiaomi на малку невообичаен начин ќе ги продава своите мобилни телефони на индискиот пазар.

Станува збор за Mi Express Kiosk, вендинг машина преку којашто купувачите сами може да си изберат паметен телефон или некој додаток.

Оваа вендинг машина ќе функционира како и вообичаените машини на коишто може да се купи храна или пијалаци. Купувачот го избира посакуваниот модел, вметнува пари и го добива паметниот телефон низ отвор на вендинг машината.