Microsoft го претстави новиот пребарувач Spartan

22

spartan 1

Технолошката компанија Microsoft го претстави новиот интернет пребарувач под работен наслов Spartan, што ќе биде замена за досегашниот Internet Explorer, пишува порталот The Verge.

Spartan, официјално ќе биде интернет пребарувач за новиот оперативен систем Windows 10. Новиот пребарувач, како што претходно се пишуваше, има за цел да му помогне на Microsoft да се дистанцира од лошите сеќавања на корисниците на постарите верзии на Internet Explorer, со кои голем број корисници имаа проблеми.

hololens

Освен новиот пребарувач, Microsoft го претстави и уредот HoloLens. Станува збор за уред што се носи на главата и проектира 3D слики и на корисникот му овозможува интеракција со нив. Според најавите, HoloLens е првиот целосно самостоен холографски уред, што не мора да биде поврзан со компјутер или друг мобилен уред.

Во рамки на презентацијата, беше претставен и новиот оперативен систем Windows 10, за кој корисниците ќе имаат можност за бесплатна надградба, доколку ги имаат последните верзии на Windows и Windows Phone. Се очекува на пазарот да се појави оваа есен.

windows 10