Microsoft ја презеде Swiftkey за 250 милиони долари

swiftkey-microsoft-400x249

Технолошкиот гигант Microsoft ја презеде компанијата SwiftKey, којашто создава апликации за тастатури наменети за  iOS и Android уреди, стои на официјалниот блог на Microsoft.

Како што пренесува BBC, Microsoft ја купи оваа британска компанија за 250 милиони долари.

SwiftKey тастатурите ги имаат повеќе од 300 милиони корисници на паметни телефони, а најголем дел од оние што употребуваат Android оперативен систем, каде што служи и како замена за интегрираната тастатура на Google.

Во следните неколку месеци, компанијата ќе работи на интеграција на технологијата на Swiftkey со онаа на Microsoft – Word Flow technology.