Microsoft ја продолжи работата од дома најрано до јули 2021 година

57

По консултации со здравствени експерти, Microsoft одлучил дека е најбезбедно работниците да останат во своите домови, пренесе  Business Insider.

“Продолжуваме да ја следиме ситуацијата на локална основа во секој регион и држава во која работиме и ќе се прилагодиме на потребите на работниците и епидемиолошката состојба“, рече портпаролот на компанијата.

На почетокот на овој месец, Microsoft објави нова работна политика што им овозможува на повеќето вработени да работат флексибилно време и да работат од далечина барем половина од своето време. Вработените исто така можат да побараат постојана работа од дома или преместување, што бара одобрување од управителот на компанијата.

Следната половина од годината се чини предизвик за повеќето технолошки компании кои одлучија да работат од далечина до летото 2021 година. Аmazon исто така ја продолжи работата од дома до јуни 2021 година, а Google и Facebook објавија дека нема да бараат работниците да се враќаат во канцелариите пред јуни или јули следната година.

Фото: Pixabay