Microsoft ја “затвора“ својата онлајн продавница за книги

24

Microsoft ја отстрани категоријата “книги“ од својата онлајн продавница Microsoft Store, а со тоа и можноста за изнајмување или купување на електронски книги, пишува PC.

Од компанијата велат дека со ова сакаат да го подобрат стратешкиот фокус на Microsoft Store, но и дека на корисниците ќе им бидат вратени парите во полн износ.

Официјално, продажбата и изнајмувањето на книги ќе престане во јули и секоја претходна нарачка ќе биде автоматски откажана. Парите на корисниците ќе се враќаат преку начинот на којшто биле уплатени, доколку е возможно, а во спротивно сумата ќе биде додадена на корисничката сметка на Microsoft и ќе може да се потроши на друг производ од Microsoft Store.

Како извинување за ова, за сите направени прибелешки во книгите купени пред втори април, ќе бидат дополнително исплатени 25 долари кредит за Microsoft Store.

Технолошкиот гигант, без разлика на направените инвестиции не можеше да ја оствари својата замисла на пазарот за онлајн книги каде убедливо доминира Amazon.

Фото: Facebook