Microsoft ќе обезбеди обуки за дигитални вештини за 25 милиони луѓе

29

Пандемијата на коронавирус има големо влијание врз светската економија. Поточно, на пазарот на трудот милиони луѓе ги загубија своите работни места, а само во Америка, бројот на невработени не е регистриран уште од Големата депресија. Технолошките компании сега го надоградуваат својот бизнис за да се обидат да се справат со кризата, а најновиот на тој фронт е Microsoft.

Технолошкиот гигант планира да обезбеди обуки за дигитални вештини за 25 милиони луѓе оваа година. Генералниот извршен директор Сатја Надела, и претседателот на компанијата, Бред Смит, ја претставиле иницијативата неделава наведувајќи ја како главна цел итноста за обучување работници за работите од иднината за време на економската криза.

Целта на компанијата е да создаде систем за учење кој треба да им овозможи на работниците да еволуираат како што напредува технологијата.
Microsoft ќе користи податоци од LinkedIn за да одреди кои работи се најбарани и кои се вештините што се потребни за празните работни места.

Microsoft ќе доделува и програми со сертификати кои се бараат за работните места, а сертификатите ќе се добиваат по полагање тестови. Тие ќе бидат достапни за намалена цена од 15 долари за оние чие работно место било погодено од Ковид-19. Според компанијата, тестирањето обично чини над 100 долари, пренесува Geekwire.

Од компанијата најавуваат и нова апликација за учење која треба да им помогне на работодавците да направат обуки за работниците. Сите овие ресурси ќе бидат достапни на веб-страницата opportunity.linkedin.com.

Покрај тоа, Microsoft најави распределба на грант од 20 милиони долари за непрофитни организации кои работат за да им помогнат на оние што ги загубија своите работни места поради пандемијата, со посебен акцент на оние кои работат со групи кои се недоволно застапени во технолошкиот свет.

Фото: Pixabay