Microsoft направи подводен центар за податоци

24

Microsoft го префрли центарот за податоци во морето, поради експеримент, односно за да види дали може побрзо да им обезбеди интернет-услуги на крајбрежните градови кои користат обновлива енергија, пишува BusinessInsider.

Како дел од својот поголем проет Natick “moonshot”, Microsoft” го стави центарот за податоци на морското дно блиску до Оркни островите во Шкотска.

Центарот за податоци е потопен 117 метри под морето и се напојува со подморница, преку кабел. Microsoft ја избрал оваа локација, бидејќи сакал центрите за податоци да работат на обновлива енергија, а Оркни е главен центар за обновлива енергија.

Ова е само истражувачки проект, па подводните центри за податоци не би требало да станат секојдение.

Фото: Microsoft