Microsoft откри детали за новиот оперативен систем Windows 10

15

microsoft windows 10 detali

На конференција во Сан Франциско, наменета за деловни корисници, технолошкиот гигант Microsoft откри детали поврзани со Windows 10, што е нова верзија на најпопуларниот оперативен систем во светот, пишува BBC.

Идејата што стои зад новата верзија е тоа што е апсолутно посветена на cloud сервисите и мобилната платформа. Системот ќе биде компатибилен со сите системи досега и ќе овозможува лесно користење со сите видови на уреди..

Она што многумина ќе ги израдува е враќањето на Start менито.  Освен стандардното мени ќе има и “плочки“ со најчесто користени апликации. Според зборовите на луѓето од Microsoft, ова е направено за да можат корисниците на Windows 7 полесно да преминат на новата верзија на оперативниот систем. На прв поглед, Windows 10 е комбинација од претходните две верзии на оперативниот систем на Microsoft.

Претставниците на компанијата ја изненадија јавноста бидејќи новиот систем е под името Windows 10 иако логично беше да биде 9. Но, според нив, бидејќи станува збор за најкомплетниот оперативен систем затоа го доби тоа име.

Тери Маерсон од Microsoft најави дека вистинската промоција на Windows 10 ќе почне од јануари, додека продабжбата ќе почне во “текот на следната година“.