Microsoft: Outlook во целост ќе го замени Hotmail

92

outlookhotmailfinal_1020_large_verge_super_wideКомпанијата Microsoft сопшти дека Hotmail во целост ќе биде заменет со Outlook, со што тој ќе стане неговиот официјален сервис за мејлови.

Од компанијата соопштуваат дека корисниците на сервисот ќе бидат само пренасочени кон Outlook. Шифрите, пораките, правилата и емајл адресите ќе останат непроменети.

Microsoft се одлучи на овој чекор со цел да им помогне на своите корисници да се ослободат од пренатрупаните пораки.

Корисниците на Hotmail ќе треба само да се логираат на сервисот и да одберат settings на горниот десен агол, каде стои опцијата за промена на адресата.

Hotmail официјално беше пуштен во употреба во 1997 година.