Microsoft потпиша договор за лиценцирање на патенти со Casio

61

casio

Фото: Casio

Технолошката компанија Microsoft објави дека потпиша договор за лиценца на патент со јапонската компанија Casio. Овој договор вклучува широка лепеза технологии за паметни часовници, пишува Mspoweruser.

“Паметните часовници на Casio во комбинација со технологијата на Microsoft ќе им овозможи на клиентите ширум светот да добијат повеќе со користењето на своите уреди“, вели шефот за лиценцирање технологии на Microsoft, Мики Минас.

Паметните часовници на Casio, коишто ги вклучува моделите WSD – F10 и WSD – F20, ќе имаат модерна персонална конекција (активности за следење, мерење на надморска височина, барометар, компас).