Microsoft вреди над илјада милијарди долари

25

Фото: Pixabay

Поради скок на акциите, технолошкиот гигант Microsoft надмина вредност од илјада милијарди долари, пишува Quartz.

Овој износ го качува Microsoft на пиедесталот како највредна компанија во САД. Во текот на минатата недела, акциите на компанијата забележаа пораст од околу 10%, достигнувајќи 131,40 долари по акција.

Една од причините што го поттикнаа растот, како што се наведува, е успехот на услугите во cloud што ги нуди компанијата, што предизвика оптимизам кај инвеститорите.

Сатја Надела, кој е главен извршен директор на Microsoft, фокусот на компанијата го насочи кон развој и пружање на cloud услуги.

Зад Microsoft, се најдоа Amazon, чија вредност се проценува на околу 888 милијарди долари, и Apple со 875 милијарди долари.