MIELE – вистинскиот избор за вашиот дом

1778
lkОд самото основање во далечната 1899-та година Miele е независен фамилијарен бизнис што е подеднакво посветен на своите сопственици, вработени, клиенти, добавувачи на животната средина и општеството.
Компанијата се фокусира на производство на домашни кујнски апарати, машини за перење, сушење и пеглање на алишта и правосмукалки.
Исто така, во портфолиото на Miele се присутни и професионални машини за перење и нега на секаков вид на ткаенина, машини за миење на стакло и садови за потребите на хотелиерството и угостителската дејност, како и машини за потребите на медицинската, лабараториската и денталната индустрија.

nk

Мотото е Immer Besser или Секогаш подобри

Miele на своите клиенти им нуди производи што поставуваат стандарди во долговечност, перформанси, енергетска ефикасност, дизајн и услуга. За возврат, бројот на задоволни клиенти коишто во Miele производите препознаваат луксуз, леснотија и подобар квалитет на живот постојано се зголемува.
Стратешка визија на Miele е да стане најпосакуваниот бренд на сите релевантни пазари во светот. Денес, Miele е синоним за долгорочен дизајн и планирање, стабилност на вредностите и целите, добри односи со клиенти и добавувачи, како и корпоративна и менаџмент култура внатре во компанијата.
Био Доместик е генерален застапник и овластен сервисер на Miele за македонскиот пазар
Во 2009-та година се отвори првиот Miele Showrooms  во Македонија каде што може да се обратите за сите апарати за домашна и професионална употреба. Продажниот салон на Miele се наоѓа на бул. 16-та Македонска Бригада 10/4, 1000, Скопје и истиот може да го посетите секој работен ден од 09:00 до 19:00 часот и во сабота од 10:00 до 14:00 часот.