Повторното обединување на Британците од дружината Монти Пајтон на духовит начин го изрекламира Мик Џегер. Тој во краткото видео ги нарече “стари и збрчкани, ликови кои биле интересни во 60-тите, а најдобриот од нив е мртов веќе со години”.
Билетите за првиот заеднички настап на Монти Пајтон по скоро 30 години во О2 арената во Лондон беа распродадени за 40 секунди. Пајтоновци веќе го одржаа првото шоу, а до 20 јули треба да одржат вкупно 10 претстави. Последното шоу ќе биде пренесувано во поголем број кино сали ширум светот, во некои ќе оди во живо, а во некои ќе оди снимка, поради временската разлика.