Микросам слави 25 години од своето постоење

142

mikrosam prilep

Македонскиот гигант во високата технологија на светско ниво, Микросам прославува 25 години од своето постоење.

Команијата, која е амбасадор на Македонија во светот, докажува дека оваа земја има голем потенцијал и капацитет да ги задоволи и најкомплексните решенија во областа на високата технологија.

По повод сребрениот јубилеј кој Микросам го слави оваа година, во среда, на 6-ти мај, 2015 година, ќе се одржи корпоративната прослава во Центарот за Култура, Марко Цепенков во Прилеп.

Свое излагање на оваа прослава ќе има основачот на команијата, Благоја Самак каде што свечено, пред бројни гости од Европа, пријатели и соработници, ќе се доделуваат дипломи и признанија на оние кои се најзаслужни за успехот на Микросам.