Милано доби сервис за наем на скутери

40

enjoy skuter

Жителите и туристите на Милано го добија првиот таканаречен scooter sharing service во светот, услуга Enjoy за јавно користење на скутери, пишува порталот Wired.it.

Станува збор за 150 скутери од италијанскиот производител Piaggio, коишто се достапни за изнајмување. На корисникот му е потребна апликацијата Enjoy за да ја направи резервацијата на посакуваниот скутер.

Во скутерот е вграден екран на допир кадешто се внесува шифрата за негово отклучување. Корисникот има на располагање и две заштитни кациги. Пред да се стави кацигата треба да се постави капа за еднократна употреба.

За да може да се стартува скутерот треба да се спушти рачната сопирачка и да се вклучи моторот.

Оваа услуга на жителите и туристите на Милано им е достапна по цена од 0,35 евра за минута.