Милијардер и скептик за криптовалути ќе инвестира 1,5 милијарди долари во тој бизнис

Американскиот милијардер и скептик за криптовалути, Карл Ајхан, разгледува потенцијална инвестиција од 1,5 милијарди долари во дигитални валути.

Осумдесет и петгодишниот инвеститор рекол дека разгледува релативно голема инвестиција во криптовалути, појаснувајќи дека “големо“ може да значи “милијарда или 1,5 милијарди долари“.

Иако своевремено, криптовалутите ги споредил со големиот крах на берзите во Европа од 18-от век, Ајхан сега смета дека криптовалутите имаат голем потенцијал.

“Гледам цел бизнис. Во овој момент е гледам што е потребно да се купи, само ја гледам работата како целина и би можел да се вклучам во тоа“, рекол Ајхан.

Тој сега се приклучува на групата милијардери кои го промениле своето негативно мислење за криптовалутите, вклучувајќи ги Марк Кубан, Мајкл Сејлор и други.

Фото: Pexels