Милијардер кој сакаше да се отараси од парите конечно успеа

227

Поранешниот милијардер ја исполни својата животна амбиција да го напушти овој свет без “без скршена пара“. Милијардерот Чарлс Чак Финеас, кој наполни 89 години во април, сакаше “да биде сигурен на време“ и да го подари своето богатство од осум милијарди долари.

Финеј е ко – основач на компанија за малопродажба на аеродроми, Duty Free Shoppers, и откако ги предаде сите свои пари, тој изјави дека е пресреќен. Компанијата ја основа во 1960 година со пријател, но неговата мотивација отсекогаш била да донира пари во добротворни цели.

Овој филантроп од Америка, со ирско потекло, дал осум милијарди долари на добротворни организации, универзитети и фондации. Тој ја основал организацијата наречена Atlantic Philanthropies. Според веб-страницата, донациите се насочени кон здравствени, социјални и политички либерални цели на јавната политика во Австралија, Бермуди, Ирска, Јужна Африка, САД и Виетнам.

Финеј е познат во јавноста како “Џејмс Бонд во светот на филантропијата“. Ја основа организацијата Atlantic Philanthropies пред 36 години.
“Научивме многу. Можеби би направиле нешто поразлично, но јас сум многу задоволен. Се чувствувам многу добро што ја завршив мојата мисија и им се заблагодарувам на сите што беа со мене на тоа патување“, изјави Финеј за Forbes.
Неговиот колега Ворен Бафет истакна: “Тој дури го постави камен темелникот во смисла на инспирација за давање ветувања. Тој е модел за сите нас“.

Фото: Atlantic Philanthropies