Милијардер од Индонезија сака да инвестира во БиХ

60

bihНајголемиот произведувач на производи за хигиена од Индонезија е заинтересиран за инвестирање во Босна и Херцеговина, објави Агенцијата за унапредување на странските инвестиции во БиХ (ФИПА), јавува агенцијата Патриа. Станува збор за компанијата Sayap Mas Utama, која делува под брандот Wings, со седиште во Џакарта.

Од ФИПА наведуваат дека компанијата покажала интерес за соработка и евентуален откуп на мнозински пакет акции во компании во БиХ од областа на хемиското производство, како и за фабрики кои се занимаваат со производство на храна.

Ова е најголемата компанија од овој сектор на пазарот во југоисточна Азија. Почнале со производство на сапун и други производи за хигиена, а сега веќе се проиширени и во прехранбената индустрија.

Како што дознава агенцијата, сопственик на оваа компанија е индонезискиот милијардер Еди Вилијам Катуари, а неговото богатство се проценува на 1,5 милијарди долари.