Милијардер од Непал по втор пат ќе инвестира во Србија

21

Фото: Pixabay

Непалскиот милијардер Бинод Чодри планира да инвестира во Србија во угостителство, трговијата со стока за широка потрошувачка или во банкарскиот сектор, објави Kurir.rs.

Неговата компанија CG korp. Global веќе има вложено во Србија, конкретно во Рума, каде во октомври минатата година отвори фабрика за производство на тестенини од брендот Wai Wai, вредна 9 милиони евра.

Оваа компанија е дел од глобалниот конгломерат CG korp. којшто има 122 компании и 76 брендови и работи во повеќе деловни области (инфраструктура, хотелска индустрија, банкарство, телефонија, прехранбена индустрија, цигари и пијалоци).