Милијардер предупредува на нова пандемија 10 пати посериозна од Ковид-19

77
Yellow triangle warning sign icon isolated

Основачот на Microsoft, Бил Гејтс со години предупредува на можноста од избивање пандемија за којашто светот не е подготвен, а којшто би оставил погубни последици. Неговите најави минатата година, за жал, станаа стварност и корона кризата зад себе остави многу жртви, голем број заразени и уништени економии, но и понатаму не знаеме во која насока ќе се движи понатаму.

Entrepreneur пренесува дел од разговорите на Гејтс за германските медиуми, а се поврзани со лоши предвидувања на милијардерот.

“Оваа пандемија е лоша, но идната пандемија би била 10 пати посериозна“, рекол Гејтс, предупредувајќи дека светот не е подготвен за неконтролирано ширење на вируси, но се надева дека ситуацијата ќе се промени во текот на следните години, а со тоа ќе придонесе за понатамошен напредок на науката и технологијата. Тој, исто така, смета дека освен епидемиолошкото знаење што е стекнато во текот на корона кризата, ќе може да се користат сите предности на лековите, тестирањата, вакцините и слично.

Фото: Freepik