Милијардерите бараат прибежиште – побарувачката за приватни острови се зголеми за четири пати

114

Додека многумина за време на карантинoт сонуваат за куќа со двор, милијардерите бараат приватни острови каде што би живееле за време на пандемијата.

Милијардерите кои се затворени во своите станови и пентхауси сега бараат да купат приватни острови. Побарувачката за приватни острови се зголеми за четири пати во последните шест недели, според Џон Кристи, агент на агенцијата за недвижнини HG Christie.

“Истата работа се случи и по терористичките напади во САД на 11 септември во 2001 година. Луѓето беа исплашени и бараа безбедно место за живеење. Сега сите сопственици на приватни острови престојуваат таму и планираат да останат сè додека не заврши пандемијата, додека претходно поминуваа само два месеци во годината“, вели Кристи.

Приватен остров има и милијардерот Ричард Брансон, којшто вреди 150 милиони евра.

Фото: Pexels