Во текот на 2023 година бројот на патници кои користеле воздушен превоз во Европската унија (ЕУ) е зголемен во однос на претходната година за речиси петтина или 19,3 отсто, а вкупниот број на патници изнесува 973 милиони, објави Евростат. Во 2022 година, бројот на патници бил 816 милиони.
Податоците покажуваат дека бројот на патници се зголемил во сите земји-членки на ЕУ на годишно ниво.
Најголем раст е забележан во случајот на Малта и тоа 33,3 отсто, потоа Словенија со 30,9 отсто и Чешка со 29,4 отсто. Најмал пораст на бројот на патници е забележан во Естонија со 7,9 отсто, Грција со 9,6 отсто и Литванија со 12,3 отсто.
Хрватска е четврта од дното во ЕУ по раст на бројот на патници во воздушниот сообраќај минатата година со стапка од 15 отсто во однос на 2022 година.
Во воздушниот транспорт на стоки и пошта во ЕУ е забележан пад од 5,2 отсто на годишно ниво, највисок во Словачка, поточно 38,6 отсто и Естонија со 22,6 отсто помал сообраќај. Шпанија беше најдобра во тој сегмент, која оствари годишен раст од 17,9 отсто.
Нема промени во рангирањето на првите пет аеродроми во ЕУ во однос на патничкиот сообраќај и сите бележат раст.
Парискиот Шарл де Гол имал 67,4 милиони патници, што е за 17,3 отсто повеќе од лани, а амстердамски Шипхол е втор на листата со 61,9 милиони патници и раст од 17,9 отсто.
Фото: Pixabay