Мини саем на социјални претпријатија во Битола

207

Социјалната економија – нов тренд во развојот на светската економија е името
на настанот којшто 14-ти ноември ќе се случува во хотел Епинал во Битола, како
дел од проектот Социјални претпријатија – мост помеѓу социјалниот сектор и
традиционалниот бизнис, (SE-Bridge).

Проектот е финансиран од Европската унија во рамки на програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија, имплементиран од страна на Центарот за развој на претприемачи и менаџери CEED Македонија и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој Паблик од Скопје и Агритра Визион Центер и ЦЕЕД Албанија од Албанија.

Настанот којшто ќе се состои од саем на социјални претпријатија и конференција, ќе
обедини социјални претпријатија од двете земји, претставници на бизнис
секторот, голем број на граѓански организации, гости експерти од Словенија,
Австрија, Белгија, а главниот фокус на сите учесници ќе биде на тема: Каде се
движи светската економија? Во рамки на Саемот, социјални претпријатија од Македонија и Албанија ќе имаат можност да ги претстават своите услуги и производи пред присутните гости и учесници.

Зајакнати капацитети на постоечки и новоформирани социјални претпријатија,
придонес во создавањето соодветен пазар на труд за ранливите групи, развој и
унапредување на целокупниот екосистем за социјалното претприемништво, се
главните придобивки кои ги донесе проектот Социјални претпријатија – мост
помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис, (SE-Bridge).

Сите кои се заинтересирани за присуство на настанот, може да се пријават на
мејлот: atrpovska@ceed-macedonia.org, најдоцна до 11-ти ноември 2019 година.
Учеството е бесплатно, а бројот на места е ограничен.