Минијатурен Tesla Model S за деца по цена од 499 долари

88

tesla s model za deca

Американскиот производител на електрични автомобили Tesla motors и компанијата препознатлива во малите детски црвени автомобили – Radio Flyer, го лансираат првиот минијатурен електричен автомобил Model S за деца, пишува Tech Crunch.

Овој модел за деца е достапен за 499 долари во предпродажба и се очекува да биде дистрибуиран во мај оваа година.

Овој минијатурен автомобил за деца е опремен со литиумска батерија од 140 Wh, а за 50 долари доплата може да се добие батерија од 190 Wh што овозможува 50% повеќе енергија.

Максималната брзина што може да ја достигне овој автомобил е 6 километри на час, но родителите може да ја ограничат на три километри на час.

Од Radio Flyer ветуваат дека Model S ќе има специјални фарови, систем за озвучување и “пространа внатрешност“.