Министерот Димовски во посета на саемот World Food во Москва

55

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски престојува во дводневна официјална посета на Русија.

Во рамки на посетата Димовски ќе го посети Саемот за свежо овошје и зеленчук World Food што се одржува од денес до 20 септември.

Годинава на саемот годинава со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство учествуваат 12 македонски компании меѓу кои Агро-лозар, Вега Мак, Туран, Хина, Бонум, Витаминка, Кадино индустри, Коро, Агрофруктус и други.

Саемот за свежо овошје и зеленчук се протега на површина од 56.240 метри квадратни и претставува можност за воспоставување на соработка меѓу компании од двете држави.

Планирано е Димовски во рамки на посетата да оствари средба и со претседателот на Македонско-рускиот комитет на која се очекува да се разговара за можностите за унапредување на трговската размена преку либерализација на трговскиот режим, зголемување на обемот на руските инвестиции во областа на земјоделството, како и зголемување на пласманот на македонските производи на рускиот пазар.