Министрите на ЕУ договорија туристички корона – пасош

449

Министрите за туризам на земјите членки на Европската Унија се согласија на видеоконференција да изготват заеднички патнички документ што ќе важи за сите земји членки.

Тема на состанокот беа состојбата во европскиот туризам, влијанието и мерките и условите за пристигнување туристи.

Хрватскиот министер за туризам, Гари Капели, рече дека документот, кој го нарекоа корона-пасош, се однесува на здравствениот, односно безбедносниот дел од протоколот за патување.

Како што пренесува HRT, Капели рекол дека е договорено да има заеднички план за излез од кризата, без оглед на одделните ситуации во земјите.

“Туризмот сочинува 10-11 % од БДП на Европската Унија и вработува 12 % од вкупниот број вработени. Клучен е за зајакнување и спасување на националните економии“, рече Капели наведувајќи примери од Хрватска, Италија, Шпанија и Грција.

Запрашан од новинарите за можноста за воспоставување коридор за сообраќај на туристите, тој рече дека тоа ќе биде договорено до крајот на мај, ако не на заедничкиот дел, тогаш билатерално со заинтересираните земји.

“Досега ние веќе имаме земји што се заинтересирани“, рече Капели.

Фото: Pixabay