Mint – апликација што оценува дали имате лош здив

105

mint

Mint е нов и помалку необичен уред и апликација, што прават анализа на здивот и даваат информации дали е потребно нешто за освежување на устата, пишува порталот mashable.com.

Апликацијата за паметни телефони го покажува нивото на свежина во устата на корисникот и дава информации дали е потребно дополнително освежување во форма на паста за заби, гума за џвакање, бонбони…

Mint функционира на сличен начин како уредот за мерење на алкохол во организмот на луѓето. Корисникот го става сензорот во устата и дише во него околу 12 секунди. Тој ја мери количината на испарувачки соединенија на сулфур, а потоа му соопштуваат дали му е потребна бонбона или пак чаша вода, бидејќи дехидрацијата може да биде причина за лошиот здив.

Преку глобалната платформа за финансирање Indiegogo се собрани 27.000 долари, а првата цена за апликацијата наменета за iPhone, Samsung Galaxy S4 и Nexus 5 е 89 долари.

140572059454ae65e8b5e51560533221_640x586