Mizu – пешкир што детектира бактерии и нечистотија

51

21150128_1115709655225983_7129371774313301603_n

Фото: Facebook

Mizu е паметен пешкир што препознава бактерии и го алармира корисникот дека е време за перење. Изработен е од висококвалитетен памук од кинеската област Ксинџијанг и растителни екстракти што ја менуваат бојата кога ќе детектираат бактерии. Таа се менува и при присуство на сапун и пот.

Благодарение на испреплетените конци пешкирот се суши многу брзо и овозможува циркулација на кислород, а со тоа го елиминира и непријатниот мирис. Mizu се пере без проблем во машина за алишта со што бојата повторно се враќа во првобитната нијанса, а памучниот материјал станува уште помек.

Може да се нарачаат различни сетови од пешкири, а доаѓаат во три варијанти, пешкир за раце, голем пешкир за капење и бебешко мало пешкирче. Производот е дело на старт – ап од Лос Анџелес, Калифорнија и има своја кампања на Kickstarter. Досега имаат собрано 85.897 долари од побараните 10.000, а кампањата трае уште 24 дена.