Млекото од БиХ на чекор до пазарите во ЕУ

67

mleko

Министерот за трговија и економски односи на БиХ, Мирко Шаровиќ, изрази надеж дека БиХ на есен би можела да добие зелено светло за извоз на млеко во ЕУ, пишува Независне новине.

Канцеларијата за храна и ветеринарство на ЕУ од Даблин го одобри Акциониот план на Министерството за трговија и економски односи на БиХ и Канцеларијата за ветеринарство на БиХ во врска со исполнувањето на условите за извоз на млеко во ЕУ.

“Ова е важен чекор во исполнување на условите за извоз на производи од животинско потекло во ЕУ”, оцени Шаровиќ и додаде дека се воспоставува структура не само за извоз на млеко, туку и на други производи.

Одобрувањето е претпоследен чекор кој стои пред БиХ. Сега следува спроведување на договореното, односно усвојување на потребните законски измени и дополнувања на Законот за ветеринарство, Законот за земјоделие и Законот за храна во парламентот на БиХ.