ММФ без резидентен претставник во земјава од средината на август

23

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од втората половина на август 2016, по истекот на мандатот на актуелниот претставник Патрик Гитон, веќе нема да именува резидентен претставник во Македонија, пишува Миа.

“Локалната канцеларија на ММФ во Скопје сепак ќе остане и ќе обезбеди силно присуство и комуникација меѓу ММФ и државата. При носењето на оваа одлука, ММФ имаше предвид дека силно присуство на терен е помалку потребно во отсуство на програма на ММФ во Македонија“, наведува Гитон во писмената изјава доставена денеска до медиумите.

Во иднина, како што посочува Гитон, ММФ ќе ја зачува својата суштинска мисија да ги набљудува макроекономските случувања и политики, и да обезбедува техничка поддршка.

“Тимот на ММФ ќе продолжи со редовните посети на Скопје и разговори со властите и претставниците на граѓанскиот сектор“, наведува Гитон во изјавата.