ММФ: Глобално закрепнување во втората половина на 2021, но не подеднакво брзo за сите

48

Најразвиените земји ќе започнат да се враќаат во нормала во втората половина на годината, кога ќе се забрза вакцинацијата против коронавирусот, сметаат експертите од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

“Ова е темна и тешка зима, но гледаме светло на крајот од тунелот“, рече Гипта Гопинат, главен економист на ММФ.

Таа посочи дека ја започнуваме новата година подобро отколку што се очекуваше во  2020 година.

“Сега има трка помеѓу вакцината и вирусот“, рече таа.

Иако вакцинацијата е бавна, Гопинат очекува дека најразвиените земји ќе бидат во подобра ситуација ова лето, но закрепнувањето нема да биде подеднакво брзо за сите. На глобално ниво, таа верува дека ќе се случи целосно закрепнување на крајот на 2022 година.

Земјите кои подобро се справиле со вирусот во рана фаза ќе имаат полесно и побрзо закрепнување, а Гопинат ја посочи Кина.

Фото: Pixabay