ММФ: Ковид-19 би можел да ја продлабочи нееднаквоста во Европа

24

Пандемијата би можела да ги продлабочи разликите во Европа доколку владите не ги решат проблемите што ги носи здравствената криза на глобално ниво и не ја дадат потребната поддршка додека кризата не заврши, предупреди директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

Таа ги пофали владите на ЕУ поради тоа што одвоија повеќе од 3.000 милијарди евра фискална поддршка за компаниите и домаќинствата.

“Но, патот кон закрепнувањето не е изедначен поради разликите во почетните позиции, економската структура и можностите за преземање мерки, што предизвикува продлабочување на нееднаквоста меѓу земјите и во самите нив“, предупреди Георгиева.

Па така, земји членки на ЕУ, коишто традиционално се потпираат на туризмот, како што Шпанија, Грција и Италија, во текот на 2020 година имаа пад на бруто домашниот производ за повеќе од 9%, додека во Унијата просекот беше 6,4%.

Според прогнозите на ММФ, до крајот на 2022-ра година, доходот по жител во централна и источна Европа би требало да биде 3,8% послаб од претходните проекции, наспроти заостанувањето од само 1,3% во развиените економии.

Фото: Pexels