ММФ: Македонската економија ќе има пад на БДП, подобри бројки следната година

46
Businessman stepping on banana skin

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во ажурираниот извештај во октомври проценува дека македонската економија годинава ќе ја заврши со пад на домашниот бруто-производ од минус 5,4 % што е зголемување во однос на априлските проекции кога се предвидуваше пад од минус 4 %.

Подобри бројки очекуваат наредната година, кога БДП би остварил раст од 5,5 %. Годинава би ја завршиле со инфлација од 0,9%, и дефицит на тековната сметка од 4,7%.

ММФ смета на намалување на светскиот БДП за 4,4 %, односно 0,8% помалку од проценките соопштени во јуни.

Во однос на групата економии во развој и во појавување во Европа, каде што е сместена заедно со уште други 15 земји (Албанија, Белорусија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Унгарија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Турција и Украина), Македонија според овие најнови процени е некаде на средината.

Најмал пад годинава ММФ предвидува за Србија, чиј БДП се очекува да биде минус 2,5%, потоа Белорусија минус 3% и Полска минус 3,6 %.

Фото: Freepik