ММФ на БиХ ѝ одобри кредит од 553 милиони евра

13

mmf1-580x375

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) им одобри на властите на БиХ кредитен аранжман во износ од 553 милиони евра, пишува Klix.ba.

Се очекува првата транша во износ од 78.818.286 евра да биде дозначена на 9 септември, а Продолжениот аранжман ќе биде одобруван во транши во период од три години.

Најголем дел од кредитот ќе биде искористен за санирање на ентитеските буџети. За возврат, властите треба да спроведат реформи како намалување на трошењето и постепено намалување на големиот број вработени во јавниот сектор.