ММФ: Нееднаквиот пристап до вакцини се одразува и врз закрепнување на глобалната економија

26

Светската економија нерамномерно закрепнува од пандемијата поради нерамномерниот пристап до вакцини, предупредуваат експерти од Меѓународниот монетарен фонд, предупредувајќи дека делта сојот ги загрозува земјите што имаат недостиг од основна медицинска опрема.

Пандемијата почна пред повеќе од една година, а мнозу земји тешко се носат со коронавирусот, посебно оние кои се заразени со делта сојот што ги потисна сите останати.

Индонезија, Малезија, Тајланд и Австралија ги заоструваат ограничувањата со цел да се сузбијат нови жаришта на заразата.

“Во овој момент сме сведоци на изразена нееднаквост во пристапот до вакцини, вклучувајќи и лекови и дијагностика, па закрепнувањето не е изедначено“, изјави главната економистка на ММФ, Гита Гопинат.

Според нејзе, главниот проблем е како да се обезбеди добра вакцинација на луѓето ширум светот.

ММФ очекува светската економија оваа година да забележи голем раст, откако минатата година имаше најголем пад по Втората светска војна.

Фото: Pexels