ММФ одобри помош за 28 сиромашни земји

17

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри во понеделник нова итна помош за 28 најсиромашни земји во светот за да им помогне да го ублажат долгот и подобро се справат со последиците од коронавирусот.

Земјите кои примија помош се: Авганистан, Бенин, Буркина Фасо, Бурунди, Централноафриканска Република, Чад, Комори, Демократска Република Конго, Џибути, Етиопија, Гамбија, Гвинеја, Гвинеја-Бисао, Хаити, Либерија, Мадагаскар, Малави, Мозамбик, Непал, Нигер, Руанда, Сао Томе и Принсипе, Сиера Леоне, Соломонските острови, Таџикистан, Танзанија, Того и Јемен.

Фото: Pixabay