ММФ предвидува економски раст од 3,2% во Македонија

19

economic-growthЕкономски раст од 3,2% се очекува дека ќе оствари Македонија во 2014 година, додека инфлацијата се очекува да изнесува 1,8%. Ова се наведува во  најновата прогноза на Меѓународниот монетарен фонд за движењето на светската економија објавена пред пролетниот самит на оваа финансиска институција, кој треба да се одржи во Вашингтон од 11 до 13 април.
Според претходната проценка на ММФ, која беше објавена во јануари, се предвидуваше раст на македонската економија за 3%, што значи дека нагоре е ревидирана проценката за растот на македонската економија за 0,2% поени.
За наредната година ММФ прогнозира раст од 3,4% на македонската економија, а предвидува и дека инфлацијата во Македонија ќе достигне 2,4%.