ММФ со намален оптимизам: Кризата во еврозоната ќе се продлабочи

24

Рецесијата во еврозоната ќе се зголеми во наредната година, додека бруто-домашниот производ БДП ќе се намали за 0,4%, наместо претходно предвидените 0,3%, според извештајот на Меѓународниот монетарен фонд ММФ, кој ги намали претходните прогнози за оваа и следната година.

ММФ во кварталниот  извештај пред сесијата на Генералното собрание во Токио, исто така, го ограничи економскиот раст за 0,2% во еврозоната за следната година, наместо претходно предвидните 0,7%.

Првата европска економија Германија, оваа година ќе одбележи раст од 0,9%, додека во претходните предвидувања изнесуваше 1% и 1,4%.
Францускиот економски раст оваа година ќе биде повисок за 0,1%, иако претходно беше предвидено 0,3%, а следната година ќе достигне 0,4%, наместо 0,8% од претходно проценетите.

Рецесијата во Италија ќе се продлабочи, а БДП ќе се намали за 2,3% оваа година и 0,7% следната, додека претходната прогноза беше 1,9% за оваа година и 0,3% следната година.

Прогнозата на ММФ за економскиот раст во Шпанија во 2012 година, останува на ниво како што претходно предвиде 1,5%, но за наредната година се очекува да достигне 1,3%, наместо 0,6%.
Економскиот раст во Грција ќе биде намален за шест отсто оваа година, а за наредната четири отсто, а во Португалија за три, односно за еден процент за наредната година.

ММФ ја намали својата прогноза за Велика Британија и за оваа година на 0,4%, наместо претходно предвидените 0,2%, а за наредната година до 1,1% наместо 1,4%.

Во извештајот на ММФ се нагласува дека мрачните предвидувања се врз основа на претпоставката дека одговорните европски политичари веќе  преземаат “итни мерки” за да се отфрли неизвесноста на пазарот.

“Кризата во еврозоната се влоши од минатото лето, и покрај постигнатиот напредок во политичка смисла. Ако брзо нешто не е направено, подобрувањето на финансиските пазари може да биде само од привремен карактер”, беше оценето во извештајот.
“Земјите во криза треба да се обратат до фондовите кои располагаат со финансии наменети за извлекување од кризата и Европската централна банка”, додаде ММФ, алудирајќи на Шпанија. “Тоа е критично да се обезбеди пристап за рефинансирање со разумна каматна стапка”, се вели во извештајот.